Партиите во ров пред расправата за резолуцијата
Партиите во ров пред расправата за резолуцијата за црвените линии. Мнозинството нема да го поддржи документот доколку во него не се користи уставното име. Опозијата реагира – говорат за формата, а ја игнорираат суштината. Резолицијата во Собранието на дневен ред треба да се најде в четврток...

Резолуцијата за црвените линии поднесена од ВМРО-ДПМНЕ нема да биде поддржана од владејачкото мнозинство доколку во текстот остане Република Македонија, што е прекршување на Pреспанскиот договор, категоричен премиерот Заев. Тој смета дека важна е суштината и содржината на резолуцијата и дека и во минатото ВМРО-ДПМНЕ ставале рампа за Преспанскиот договор, но сепак поддржувале работи што се во интерес на државата.
„Не се работи за инает или за некаков каприц. Се работи за принцип, се работи за Уставот. Недозволиво е премиерот, владејачкото мнозинство, институциите на сиситемот да гласаат спротивно на Уставот. Тоа испраќа порака дека го дерогираме целиот систем“, вели премиерот Заев.
Заев да не се заглавува во формата, игнорирајќи ја суштината- став на опозиционерите.
„Суштината на самата резолуција е црвените линии за идентитетот, јазикот и историјата, напишани од МАНУ, УКИМ и МПЦ. Заев да не се заглавува во формата игнорирајќи ја суштината. Секое одложување на нејзиното носење значи дека Заев се бори за простор за пазарење со Бугарија. Не би сакале да веруваме дека има некои подлабоки причини за опструкција на оваа резолуција“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Заев најави средба со опозициската партија за да се усогласи став и да не се пропушти можноста сите да застанат зад она за што постои согласност. Резолуцијата треба да се најде на дневен ред на седница на Собранието в четврток.
Ирина Гелевска
