Ден за докажување
Преку Русија се тргнува во десетиот квалификациски обид за можен пласман на шестото македонско учество на завршен собир на најдобрите 16 континентални ракометни селекции, кој во месец декември ќе се случува во Хрватска и Унгарија.
Нашите девојки вчера во терминот на одигрување на денешниот натпревар 19 часот, одржаа тренинг во Ростов.

На списокот на Магдинчев како веќе апострофиравме, се млади ракометарки со подршка од неколкуте со акумулирано искуство. Проверки со пораз направени на терен во турнирите во нецелосен состав во Тунис и Србија во тековниот период, со завршни 5 дневни Скопски подготовки комплетни.
И руската ракометна сила е со подмладок во своите редови, а и тие како и ние направија промена на селекторското место. Повторно вратен оној со кого се нижеа најголемите успеси, неврозниот Трефилов, по опомената која ги снајде со елиминацијата за првпат од светско.
Ние почнуваме од нула на табеларното конто во квалициската групата 7, без ниту еден дуел досега. Русинките имаат во пресрет на вечерната пресметка појдовни 2 бода и веќе сработени два натпревари со нашиот јунски противник репрезентацијата на Германија, со која плус имаат и гостински пораз.
Вечерва, Ростов, 19 часот Русија-Македонија.