Ковид-19

Делта сојот се шири во земјава, имунизацијата единствен начин на заштита

20.07.2021 15:07

Пет нови случаи на пацинети со делта сој. Тројца во Тетово по еден во Куманово и во Скопје. Во текот на денот ќе се знае каде се заразиле. Имунизацијата е единствен начин за заштита на населението - апел од здравствените власти. Ако има нов бран ќе има ограничувања од септември, најави Филипче...

Регистрирани уште пет нови случаи на заразни со делта сојот. Тројца од Тетово, по еден случај има во Скопје и во Куманово. Но, освен инфицирани со индискиот, во земјава има и други мутации на вирусот. Министерот за здравство апелира – граѓаните да се имунизираат навреме, бидејќи тоа е единствен начин да се заштитат, иако е свесен дека се води и антивакцинална кампања.

Досега се вакцинирани 85 проценти од здравствените работници и околу 50 отсто од вработените во градинките и училиштата. Вакцината не е задолжителна, но во соработката со ресорните министерства ќе се работи да се зголеми опфатот на овие категории.

Голем број земји во светот и регионот поради бавното темпо на имунизација против Ковид-19 се одлучуваат за воведување задолжителна вакцинација за одделни професии, како и рестриктивни мерки за невакцинираните.

 

Наташа Јанчиќ Менковски