Голем интерес за реонски попишувачи и инструктори
Отворен конкурсот за реонски попишувачи и инструктори. Има заинтересирани кандидати кои ќе треба да ја спроведат статистичката операција. Од Државниот завод велат дека е пожелно лицата да се вакцинирани, но тоа не е критериум по кој ќе се врши селекција...

150-ина луѓе веќе се пријавиле за реонски попишувачи и инструктори. Од Заводот за статистика велат дека се изненадени од одзивот на првиот ден од објавувањето на конкурсот. Основните критериуми за пријавување е да се полнолетни, невработени, да се државјани на земјава, да имаат завршено најмалку средно училиште и да поседуваат компјутерски вештини. Од Статистика посочија дека е пожелно пријавените да се имунизирани, но сепак тоа не е пресудно.
Од Државниот завод за статистика ги повикуваа сите заинтересирани да ја пополнат апликацијата и да станат дел од тимот кој во септември ќе го спроведе пописот. Пријавувањето е до 5-ти авгут, а по селекцијата следи обука.
Пописот првично требаше да се одржи во април годинава, но поради неповолната епидемиолошка состојба беше одложен.
Наташа Гркова- Петрушевска
