Доделени над 40 илјади картички за транзит
Над 40 илјади картички поделени на српските туристи како благодарност за вакцините. Македонија и Sрбија заеднички ќе го забрзаат транспортното поврзување долж Коридорот 10. Договороено е повторно да сообраќа брзиот воз Белград – Скопје – Солун...

До 15-ти август сите патници од Србија кои патуваат за Грција ќе добијат бесплатни М- картички за транзит низ земјава. Српските државјани велат ова е добар гест. Посочуваат дека оваа рута ја поминуваат со години.
Српскиот министер за инфраструктура Момировиќ изрази благодарност за владината одлука. Посочи дека земјите во регионот треба да соработуваат и да се стремат кон посветла иднина.
„Во услови на светска пандемија Србија покажа дека стои блиску до соседите. Ова е уште една потврда за мини шенгенот кој е покренат на иницијатива на претставниците на двете земји Вуќиќ и Заев. Придружник сум на секоја иницијатива која ќе води кон развој на регионот и кон светла иднина“, нагласи Томислав Момировиќ, министер за инфраструктура, градежништво и сообраќај на Србија.
Продлабочување на соработката во целиот регион, најави министерот за транспорт Бочварски. Најави подобрување на инфраструктурата како во железничкиот, така и во патничкиот сообраќај. Најави враќање на железничката линија Белград- Скопје- Солун.
Според Бочварски целта е обезбедување на брз транспорт на патници и стока модерна патна врска од Северна до Југоиусточна Европа преку брзи ленти.
Дијана Ценевска
