Иванов во Свети Николе, Пендаровски во Кавадарци, Поповски во Кичево, Халими во Студеничани
Кандидатите за претседател на Република Македонија и партиите што ги поддржуваат денеска ја продолжуваат предизборната кампања со митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места...

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов денеска ќе ги посети Лозово, а потоа ќе одржи митинг во Свети Николе и Чашка.
СДСМ и нивниот кандидат за претседател Стево Пендаровски ќе одржат митинг во Кавадарци, а претходно ќе ги посетат и Демир Капија, Градско, Росоман и Неготино.
Кандидатот на ГРОМ, Зоран Поповски ќе ја претстави својата платформа на митинг на плоштадот во Кичево. Претходно тој и претставници на партијата ќе имаат средба со граѓани во Дебар, во Центар Жупа, во село Броштица, во Македонски Брод и во село Сувидол.
Митинг во скопско Студеничани и средби со граѓаните во селата Моране, Количани, Батинци, Цветово и Света Петка ќе одржи ДПА, која ќе го претстави претседателскиот кандидат Илијаз Халими.
ДУИ ќе ја претстави својата кампања „Не за едностран претседател“ во Дебар и во Маврово Ростуше.
