Макрон цел на шпионскиот софтвер „Пегаз“

21.07.2021 09:42

Пред неколку дена, истрагата на медиумскиот конзорциум откри дека преку „Пегаз“ биле шпионирани бројки од најмалку 180 новинари, 600 политичари, 85 активисти за човекови права и 65 бизнис лидери.

Eден од телефонските броеви на францускиот престедател Емануел Макрон се наоѓал на списокот на потенцијални цели на шпионскиот софтвер „Пегаз“.

Пред неколку дена, истрагата на медиумскиот конзорциум откри дека преку „Пегаз“ биле шпионирани бројки од најмалку 180 новинари, 600 политичари, 85 активисти за човекови права и 65 бизнис лидери.

„Можеме да видиме дека бројот на Емануел Макрон е внесен во марокански оператор кој користи шпионски софтер пегаз за да го следи францускиот претседател“, изјави Лоран Ричард, новинар.