Субвенции за проекти во рибарството

21.07.2021 09:53

Здруженија, научни институции и концесионери од областа на рибарството можат да аплицират за субвенционирање на проекти за развој на оваа дејност и за пласман на нови пазари. Висината на финансиската поддршка за еден корисник е до 400 илјади денари.

За зголемување на производството на риба, заштита на рибите и животната средина, развој на риболовниот туризам, за истражување на пазарот, маркетинг и за производи од риби, може да се добие финансиска поддршка до 400.000 денари.

Право на учество на јавниот повик имаат овластени институции од оваа област, здруженијата и концесионерите.

По завршување на пилот проектот, до ресорното министерство, задолжително се доставува финансиски извештај за реализираните средства за неговата изведба.

Доколу на повикот се доставени повеќе проекти ќе се врши селекција според критериумот колку добиените резултати ќе можат во пократок временски рок да се применат во практика за развој на оваа дејност.

За пласман на нови пазари, пак, и за промотивни кампањи најмногу може да се добијат 500.000 денари.

Барањата се доставуваат по пошта до министерството за земјоделство најдоцна 15 дена од денот на објавување на јавниот повик.

Методија Трајков