Ковид-19

СЗО: Можна е појава на поопасна варијанта коронавирус од Делта

21.07.2021 10:34

Колку повеќе варијанти има, толку е поголема можноста некои од нив да бидат неранливи на вакцините – и сите ќе се вратиме на почетокот, рече Тедрос.

Директорот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус во Токио, пред 138-та седница на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), предупреди на закана од поопасен вид коронавирус отколку варијантата Делта.

Колку е пораспространет (вирусот), толку повеќе варијанти ќе се појават, со потенцијал да станат уште поопасни од варијантата Делта, која прави толку многу штета во моментов. И колку повеќе варијанти има, толку е поголема можноста некои од нив да бидат неранливи на вакцините – и сите ќе се вратиме на почетокот, рече Тедрос.

Според него, пандемијата на коронавирусот е тест со кој светот сè уште не се справил.