Концерт на етно составот „Монистра“ на „Скопско лето“

21.07.2021 11:51

Со досегашните концерти и настапи во Република Македонија и на меѓународни фестивали , групата „Монистра“ се етаблира како многу успешен презентер на македонската етно музика која се следи со силно внимание. Особено ја негува неправилната ритмика по кој се препознава македонската песна и оро.

Вечерва во рамки на „Скопско лето“ ќе се одржи концерт насловен „Киниса моме на вода“ на етно составот „Монистра“ на Факултетот за ликовни уметности – објектот Сули ан, со почеток во 20:30 часот. Учесници на концертот се: Габриела Јанушевска – вокал, Александар Јовевски – кавал, тамбура, гајда, тапан, Јован Стрезовски – тамбура, Филип Николовски – тамбура, Дарко Ничевски – клавијатури, Марјан Андоновски – тапан, тарабука, перкусии, Дамјан Зифовски – ударни инструменти, перкусии.

Младата етно група Монистра е формирана во 2002 година. Основач и музички лидер на групата е Александар Јовевски.

Сите членови на групата се музички образовани и имаат завршено Факултет за музичка уметност при Универзитетот  Св. „Кирил и Методиј” во Скопје. Групата свири македонска етно музика на изворни инструменти. Музиката е збогатена со модерни аранжмани , се со цел да ги задоволи вкусовите на сите генерации. Групата свири македонска етно музика на изворни инструменти. Музиката е збогатена со модерни аранжмани, сè со цел да ги задоволи вкусовите на сите генерации.

Со досегашните концерти и настапи во Република Македонија и на меѓународни фестивали , групата „Монистра“ се етаблира како многу успешен презентер на македонската етно музика која се следи со силно внимание. Особено ја негува неправилната ритмика по кој се препознава македонската песна и оро.

Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани, а влезот ќе се регулира со билети по цена од 200 денари кои ќе може да се купат пред почетокот на концертот на влезот на објектот Сули ан.