Антикорупциска бара од институциите навремено постапување по случаите

21.07.2021 12:58

Антикорупциска бара од институциите навремено постапување по случаите. Имаат алатки, не мора да се чека новиот Закон за проверка на потеклото на имотот...

Антикорупционерите со остра порака до надлежните институциите кои ги имаат алатките да постапуваат навремено по случаите. Финансова полиција, УЈП и Обвинителството може да постапуваат иако се уште не е донесен Законот за испитување на потекло на имотот, за да се избегнат парадоските како случајот на поранешниот премиер Груевски, кај кои поради ограничувањата на административно ниво антикорупционерите се приморани да соопштат дека немаат елементи за постапување. Непријатно и тешко е велат, да се соопшти ваква одлука на јавноста која добро знае дека неодамна имотот на Груевски е замрзнат.

Антикорупоционерите констатирале дека подрачните единици на мвр доцнат со ажурирање на податоците, особено за возилата во однос на централното ниво што им предизвикува големи проблеми при проверката на имотот на именуваните и избрани функционери.

Од комисијата апелираа граѓаните да доставуваат податливи пријави до нив за да може да постапуваат.

Антикорупционерите разгледуваа пријави за поранешни функционери како Зоран Ставревски, Миле Самак, Митко Чавков, претседатели на судови како Иван Џолев и Илир Сулејмани и други , градоначалници, директори поранешни и актуелни кај повеќето од кои не се констатирани неправилности.

 

Фиљана Кока