Силно невреме и поплави во централна Кина

21.07.2021 13:08

Железниците, автопатите и цивилната авијација се сериозно погодени. Најмалку 12 лица загинале во поплавите. Повеќе од 280.000 луѓе во 140 села и градови во 31 округ и области биле погодени, а околу 100.000 луѓе се евакуирани.

Делови од кинеската провинција Хенан останаа поплавени откако поројниот дожд предизвика реките да се излеат на бреговите и ги потопија улиците во десетици градови. Обилните врнежи од дожд ги натера властите да ги затворат градските метро-услуги во главниот град на провинцијата Женгжу , бидејќи надојдената вода се влеваше по шините, заглавувајќи ги патниците. Одреди за спасување интервенирале во детска градинка со 150 деца. Железниците, автопатите и цивилната авијација се сериозно погодени. Најмалку 12 лица загинале во поплавите. Повеќе од 280.000 луѓе во 140 села и градови во 31 округ и области биле погодени, а околу 100.000 луѓе се евакуирани. На помош е повикана и кинеската армија, која евакуираше жители на градот Луојанг поради опасност за пукање на браната.

„Успешно евакуиравме повеќе од 500 луѓе и саниравме брани и акумулации на две места по еднодневно спасување. Според метеоролошките податоци, во следните два дена ќе има врнежи од дожд. Ние сме целосно подготвени за разни неочекувани задачи, обезбедувајќи безбедност на животот и имотот на луѓето“, вели Чен Ксиангуа, инструктор на одредот.

Метеоролошките служби наведоа дека ова се најобилни дождови во еден ден од почетокот на мерењето пред 60 години. Нов бран силни врнежи од дожд се прогнозирани на северот на Жолтата река.

 

Ирина Гелевска