Промоција на стратегијата за конфискација на имот

21.07.2021 13:24

Координиран пристап со вклученост на сите релавентни институции и нивно зајакнување за ефикасно следење на нелегално стекнатите пари и имот. Владата ја претстави новата националната стратегија. Со новини ќе се овозможи дигитализација и поврзување на институциите надлежи за борбата против корупцијата, а со предлог-законот за потекло на имот, ќе се врши системска проверка на имотот...

Враќањето на предмети од почеток поради разрешување на поротник е слабост во законот за кривична постапка и за ова треба да се најде решение, смета републичкиот обвинител Јовески. Предлага, при измени на судечкиот совет да се даде време - новиот член да се запознае со предметот.

Откако се назначија нови поротници, предметите - Титаник, Топлик, Талир и Тендери добија нови термини за судење. Јовески очекува овие, но и другите процеси на поранешното СЈО да добијат брз епилог. Во борбата против високопрофилираниот криминал и корупција треба да помогне и новата стратегија која подразбира поголема координација на седумте антикорупциски институции во размената на податоци за финансиските истраги.

Службите на МВР спроведуваат финансиски истраги против 67 луѓе и 16 фирми.

Финансиски истраги најмногу се спроведуваат во случаите на трговија со дрога, мигранти, тероризам и злоупотреба на службената положба. Во тек е и процедура за носење на Закон за потекло на имот, кој ќе гарантира дека имотот стекнат на криминален начин, правосилно осудениот нема да може да го задржи за себе или да го пренесе на свој близок роднина.

Анита Димитријевска Велковска