Образование

Стартот на учебната година ќе зависи од епидемиолошката состојба

21.07.2021 14:23

Задоволни сме од процентот на вакцинација на наставниот и помошниот кадар, но важно е тој да продолжи и понатаму, рече министерката за образование Царовска. Владата за од септември со три сценарија за почеток на учебната година. Стартот ќе зависи од епидемиолошката слика. Зголемени се ученичките и студенстските стипендии, најави министерката за образование. Се враќа и стипендирањето за втор и трет циклус во државата...

Задоволни сме од процентот на вакцинирани вработени во училиштата, но значајно е тој да се зголеми, изјави министерката за образование. Царовска потсети за одлуката за три сценарија за почеток на учебната година и дека тие ќе се менуваат согласно епидемиолошката состојба во земјава. Најпосакувано сценарио е на 1-ви септември сите да бидат во училиштата, но треба да сме одговорни и посветени и да ги почитуваме препораките и мерките, да се зголемува процентот на вакцинирани, истакна министерката.

Министерката најави и дека се зголемени ученичките и студентските стипендии. Се враќа и стипендирањето за втор и трет циклус во државата.

Студентските социјали стипендии се зголемуваат за 100 проценти од 3.000 на 6.000, ученичките ќе бидат 3.500 денари а кај хемија, физика и математика за студентите се покачува на 18.000 денари бидејќи се дефицитарни во земајва.

На веб страницата на Министерството за образование може да се најдат сите обрасци за аплицирање на стипендија. Од Министерството велат дека оваа година стипендиите се зголемени.

Ана Јосифоска Тодоровска