Власта и опозицијата со резлични гледишта за производството на струја од ѓубре во Неготино
Изборот на стратешки инвеститор за производство на струја од ѓубре во Неготино ги бранува страстите. Од Владата уверуваат дека проектот на компанијата „Зока енерџи солушн“, вреден над 300 милиони евра ќе придонесе за заштита на животната средина преку преземање и третирање на оптадот, со што ќе се затворат дивите депонии. За опозицијата, одлуката за фабрика за согорување отпад е скандалозна и претставува закана по здравјето на граѓаните. Резерви имаат и еколошки организации...

„Фабрика за производство на зелена енергија“ ќе се гради во Неготино. Инвестиција е над 336 милиони евра. Компанијата – стратешки инвеститор, треба да прави фабрика за добивање струја од отпад преку уништување комунален смет од неколку региони во државата. Од Владата велат дека со изградба на ваков капацитет ќе се заштити животната средина и ќе се намали загадувањето.
Одлуката е скандалозна, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, се доведува во прашање здравјето на граѓаните. Најавија дека нивната пратеничка група нема да дозволи на грбот на луѓето да се остварува профит.
За изградбата на фабриката, алармот го вклучија и еколошките здруженијата. Предупредуваат дека фабриката е сериозен ризик за и здравјето на луѓето во неготинско како и за земјоделското земјиште.
Наташа Гркова Петрушевска
