Апелација ја потврди пресудата за „Рекет“
Со одлуката на Апелација, пресудата станува правосилна. Обвинетите ќе добијат упатен акт за затворот каде треба да ја одлежат казната. Во соопштението од судот се наведува дека жалбите на овие двајца обвинети се одбиваат како неосновани...

Апелацискиот суд ја потврди првостепената пресуда за случајот „Рекет“ во кој обвинети се поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски. Со одлуката на Апелација, пресудата станува правосилна. Обвинетите ќе добијат упатен акт за затворот каде треба да ја одлежат казната. Во соопштението од судот се наведува дека жалбите на овие двајца обвинети се одбиваат како неосновани, а донесената одлука ќе биде објавена на веб страницата на судот.
Минатата година Јовановски беше осуден на 9 години затвор за примање награда за противзаконско влијание и перење пари. Катица Јанева пак беше осудена за злоупотреба на службената положба и Кривичниот суд и изрече 7 години затвор. Обвинетиот Зоран Милески Кичеец се спогоди со обвинителството и доби затворска казна од 3 години.
Обвинителството тврдеше, а првостепената пресуда покажа дека од бизнисменот Орце Камчев биле изрекетирани милион и пол евра. Парите биле барани за случајот „Империја“, за обвинетиот бизнисмен да добие повластен третман во постапката.
