Разговори за спорот за името денеска во Њујорк
Средбата, која се очекува да трае неколку часа, ќе биде проследена со прес-конференција во седиштето на Обединетите нации...

Во Њујорк денеска околу девет часот по локално време ќе почне средба посветена на спорот за името меѓу Македонија и Грција. Специјалниот пратеник во разговорите за името, амбасадорот Метју Нимиц, заеднички ќе се сретне со македонскиот посредник, амбасадорот Зоран Јолевски, и грчкиот дипломат Адамантиос Василакис.
Средбата, која се очекува да трае неколку часа, ќе биде проследена со прес-конференција во седиштето на Обединетите нации.
Вчера во Њујорк веќе се одржа вообичаената одделна средба на Нимиц со Јолевски. Пратеникот Нимиц пред заедничките средби со Јолевски и Василакис вообичаено одржува одделни разговори со нив.
