Политика

Изборот на уставен судија- проблематична точка во Собранието

21.07.2021 16:13

И покрај тоа што точката за избор за уставен судија не се разгледуваше во надлежната собраниската комисија, опозициската ВМРО-ДПМНЕ со сомнеж дека власта подготвува политичка личност за тоа место, што за нив е неприфатливо. Сдсм со одговор – зборувате без аргументи, нема предлози...

Изборот на уставен судија останува проблематична точка во Собранието. Опозицијата обвинува дека власта изборот го прави нетранспаренто, додека власта пак, вели до Комисијата за избор и именувања се уште не е пристигнат ниту еден предлог. Поради спротиставените мислења на моменти и тензична реторика во собраниската комисија.

Претседателот на комисијата од каде ќе произлезе предлогот за уставен судија, Костадин Костадинов, точката за избор ја прескокна и по неа не се расправаше. Предлозите се уште не се пристигнати.

И додека власта обвинува дека во Уставниот суд се мести партиска личност, власта одговоара дека се ќе биде според законот. Засега неизвесно кога комисијата ќе го бира уставниот судија.

 

Миле Ристески