ВМРО-ДПМНЕ очекува на 17-ти октомври да се одржи првиот круг од локалните избори
„ВМРО-ДПМНЕ очекува партиите да го почитуваат законскиот и уставен рок и на 17-ти октомври да се одржи првиот круг од локалните избори“, изјави пратеникот Антонијо Милошоски по предлогот на премиерот Заев изјаснувањето да биде на 31-ви октомври. Со ист став се и останатите опозициски партии. За ДУИ е прифатлив кој било датум...

Внатрепартиските пресметки не треба да бидат изговор за прекршување на изборниот ден, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Локалните избори треба се одржат согласно Уставот, а не според желбите на политичарите, реагираат од опозициската партија, по најавата на премиерот Заев за оддржување на изборите на крајот на октомври.
Со сличен став и од партијата Левица сметаат дека локалните избори треба да се одржат на средината на октомври. Според Апасиев, мандатите кои истекуваат на постоечките градоначалници го одредуваат датумот.
Од Алијанасата на Албанците велат, дека се подготвени за промени во албанскиот блок кои ќе бидат во корист на граѓаните, а не на политичките партии. Според нив најважно е изборите да се оддржат.
Скопјани се подготвени за вистинското решение без разлика кој ќе биде датумот- дециден градскиот татко Петре Шилегов.
Од Левица најавија кривични пријави спикерот на Собранието, Талат Џафери и за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за непочитување на европските закони и несовесно работење.
Дијана Ценевска
