Активни 234 случаи со Ковид-19, имунизацијата се одвива непречено
На вакциналните пунктови во државата и на терен, вакцинирани се вкупно 467.822 граѓани. Според податоците, досега прва доза примиле 3.686 граѓани, аплицирани се 760.961 дози вакцини и ревакцинирани се 293.139 граѓани.

Во земјава има 234 активни случаи со Ковид-19. Продолжува трендот на намален број на новозаболени лица. Според вчерашните податоци регистрирани се 15 нови случаи, а нема починати лица.
Министерството за здравство информира дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, вакцинирани се вкупно 467.822 граѓани. Според податоците, досега прва доза примиле 3.686 граѓани, аплицирани се 760.961 дози вакцини и ревакцинирани се 293.139 граѓани.
Според последните бројки, барем една доза вакцина имаат примено 60 отсто од населението над 70 години, 58 проценти од граѓаните над 65 години, 53 отсто од оние над 60 години и 43 проценти од лицата над 50 години, информира Министерството за здравство.
Веб-страната vakcinacija.mk е отворена за закажување на термини за вакцинација на децата.
