Тенис

Почна чистката

26.03.2014 10:08

Без Давид Ферер ланскиот финалист и рекет број 4 и Станислас Вавринка третиот носител во Мајами на мастерсот од серијата 1000, ќе се продолжи во ¼ финалните мечеви.

Александр Долгополов по Индијан Велс и елиминацијата таму на Надал, сега потврдува дека станува проблем за големите тениски имиња. На списокот на успешни пресметки ја пиша ноќеска и онаа против Вавринка по трите одиграни сета (6:4, 3:6, 6:1).

Останатото со фаворитска улога така и се представи. Место во 8-ка на Флорида изборија, рафаел Надал(1) кој убаво се испоти со Фабио Фоњини(4:6, 6:3, 6:3) до дуел со Милош Раониќ(12), на кога пак му беа два сета доволни со Бекер (6:3, 7:5) за пласман. Супер двобојот Новак Ѓоковиќ(2)-Енди Мареј(6) (бранителот на трофејот) носи ¼ финалниот расплет. Овие двајца тенисери се немаат сретнато од финалето на Виблдон лани, кога славеше британецот. Ќе го запишат нивното 20-то преслушување во кое предноста во бројки е на страната на србинот, 11:8. Рожер Федерер(5) по лесниот триумф за само 48 минути, над деветиот рекет на Флорида, Гаске(6:1, 6:2), за противник ќе го има Нишикори(20) елиминаторот на Ферер.Вториот со подвиг Долгополов(22) ќе тргне по уште едно изненадување во меч со Бердих(7), подобриот од дуелот со Иснер(6:3, 7:5).

МРТ собранискиот сервис и натаму е местото за случувањата од Мајами Вечерва околу 20 часот го гледаме најинересното, Ѓоковиќ-Мареј.