Ковид-19

Кина: Нема да учествуваме во втората фаза од истрагата

22.07.2021 10:23

Земјата смета дека планот на Светската здравствена организација за втората фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот содржи јазик што не ја почитува науката и Кина нема да го следи.

Кинеските власти ги поддржуваат научните истражувања, но Кина се спротивставува на политизирањето на истрагата за потеклото на коронавирусот.

Земјата смета дека планот на Светската здравствена организација за втората фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот содржи јазик што не ја почитува науката и Кина нема да го следи.

Претходно, генералниот директор на СЗО, Гебрејсус, соопшти дека организацијата се подготвува за втората фаза од истрагата за потеклото на Сарс-Ков-2 и очекува транспарентност од кинеските власти.

Истакна дека првата фаза се соочувала со одредени проблеми, меѓудругото и проблем околу пристапот до податоците, особено за почетокот на пандемијата.