Ковид-19
Во Северна и Јужна Америка пандемија на невакцинирани
22.07.2021 10:34
Земјите со низок опсег на вакцинација имаат зголемен број заразени од Ковид-19 ...

Северна и Јужна Америка се соочуваат со пандемија на невакцинирани, соопшти Пан-американската здравствена организација. Предупреди дека земјите со низок опсег на вакцинација имаат зголемен број заразени од Ковид-19 и повторно ги повика земјите кои располагаат со поголем број вакцини да ги донираат.
Директорката на организацијата додаде дека вакцината е клучна, дури и ако ниту една вакцина не е сто отсто ефикасна.
