Балетската претстава „Сви марш на плес“ на Скопско лето
Во претставата учествуваат танчери од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија. Кореограф е Игор Киров, драматург е Горан Головко...

Во рамки на 42-то издание на Скопско лето, во понеделник во Салонот на Националната опера и балет со почеток во 20:30 часот, ќе се одигра балетската претстава „Сви марш на плес“. Во претставата учествуваат танчери од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.
Балетската претстава „Сви марш на плес“ нè води во електричен и измислен свет во кој песните на култниот екс-ју бенд „Бјело Дугме“ стануваат основа за раскажување на приказни за едно време и една генерација. Како што љубовта е тема во повеќето песни на „Бјело Дугме“, така не можеме да избегаме од фактот дека сржта на оваа претстава е токму љубовта и љубовните односи, од оние за кои копнееме, до оние за кои живееме, и оние кои кои се на издишување или припаѓаат на носталгичниот одраз на нивните херои- соопштуваат од Скопско лето.
Кореограф е Игор Киров, драматург е Горан Головко, музиката е на „Бјело Дугме“, а светло мајстор е Амир Ахиќ. Балетскиот ансамбл го сочинуваат: Бранко Митровиќ, Јакша Филиповац, Лука Живковиќ, Енди Шротер, Емир Фејзлиќ, Мојца Мајцен, Теодора Радивојевиќ, Зулејха Кецо и Ана Кузмановиќ.
Претставата ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани.
