Десетици загинати во поплавите во Кина, илјадници евакуирани
22.07.2021 12:06
Неколку градови биле поплавени, а насадите уништени бидејќи катастрофалното време се прошири на север. Штетата се проценува на 189 милиони долари.

Илјадници луѓе се евакуирани од поплавените области во централниот дел на Кина, десетици се загинати во поплавите што во провинцијата Хенан траат речиси една недела.
Неколку градови биле поплавени, а насадите уништени бидејќи катастрофалното време се прошири на север. Штетата се проценува на 189 милиони долари.
Бирото за метеорологија го крена нивото на предупредување за бура за четири града од северот на Хенан- на највисокото ниво. Меѓу загинатите се 12-те лица кои биле заглавени во поплавена подземна железница.
