Фудбал

Македонските прволигаши одново на сцена

26.03.2014 10:12

Во Штип и во Тетово се очекува натпреварувачкиот оган да биде најсилен. Ќе играат Брегалница против Хоризонт Турново и Шкендија против Работнички...

Крајно поларизираното фудбалско првенство на Македонија ќе мине низ нова епизода. Во Штип и во Тетово се очекува натпреварувачкиот оган да биде најсилен. Ќе играат Брегалница против Хоризонт Турново и Шкендија против Работнички. Екипите кои се зафатени од матицата која што води во несакана, второлигашка насока и јуришниците на шампионската титула. Брегалница никогаш не била поразена од Хоризонт пред своите навивачи. Во 11-те досегашни прволигашки дуели се е изнивелирано на еднакви половини: по 4 победи на двете страни со гол-  разлика 12:12!Само пред неполн месец двата денешни опоненти играа во Штип и Брегалница славеше со 2:0! Есента и во рамките на Купот на Македонија , Хоризонт остана со празни раце во Штип.Неизвесноста е надвисната над стадионот во Штип!

Во Тетово приказна, слична.Работнички, судејќи според традицијата има причина за загриженост, но верува во добрата форма во моментов. Шкендија во неделата направи голем исчекор во напуштањето на „критичното“ 9-то место на табелата по капиталната победа над Вардар во Скопје со 2:1.Како и да е, ќе се искри и под Шара. На преостанатите натпревари од 24 коло се среќаваат:Гостивар-Металург,Напредок-Пелистер иМакедонијаЃП-Вардар. Утре ќе играат Ренова и Еуромилк. Почетокот на сите натпревари е во 15 часот.