Москва
Приведени двајца поранешни соработници на Навални
22.07.2021 12:32
Навални се наоѓа во притвор од јануари 2021 година, кога се врати во Русија по неколкуте месеци минати на лекување во Германија заради труењето со нервниот агенс „Новичок“...

Московската полицијата уапси двајца поранешни членови на тимот на опозициски политичар Навални и го продолжи куќниот притвор на неговиот портпарол.
Навални се наоѓа во притвор од јануари 2021 година, кога се врати во Русија по неколкуте месеци минати на лекување во Германија заради труењето со нервниот агенс „Новичок“ во август 2020-та година за кое самиот тврдеше дека го извршиле оперативци на федералната служба за безбедност по наредба на рускиот претседател Путин.
Кремљ негираше каква било поврзаност со труењето на Навални.
