Антикорупциска: Не се бираат начини да се изигра законот
Градоначалникот Мерко треба кривично да одговара за финансиски малверазации потвдени во истрагата, велат од Антикорупциската комисија. Запрени се постапките за Шпанско село, за плацевите на мајката на сопругата на Венко Филипче и за заменикот за здравство Хасани...

Не се бираат начини како да се изигра или заобиколи законот. Во секоја област антикорупцинерите среќаваат системски пропусти кои вешто се злоупотребуваат. Меѓу предметите на разгледување и оној за купените плацови од Горан Филипов, Илир Хасани и мајката на сопругата на министерот Филипче. Комисијата утврди дека нема судир на интереси. Купени се 2012-та година кога ниту еден од споменатите не бил на функција, туку обичен граѓанин. Сѐ е чисто и во набавките на Филипов, кој нуди квалитетни производи потребни на клиниката, велат. Нивните алатки се исрцпени па повторно апелираат Обвинителството и другите органи доколку се сомневаат да постапат.
Најчесто прекршување е акумулација на функции заради избор на раководни лица. Како примерот во опшините Петровец и Илинден.
Случајот со Мерко и претседателот на судот во Струга е во постапка во обвинителството. Тој по исти барања за финансискиот минимум од Мерко и друг градоначалник донесувал различни одлуки.
Антикорупционерите заседаваат веќе втор ден за предмети кои се однесуваат на корупција и судир на интереси.
Фиљана Кока
