Јавна расправа за нацрт- законот за продажба на државно земјоделско земјиште

22.07.2021 13:12

Според предложениот текст, ќе се зајакне и финасиската состојба на идните сопственици кои што изградиле објекти врз државното земјоделско земјиште. Тие ќе може да обезбедат допонителни средства преку кредитирање.

Целосно и порационално искористување на обработливите површини, нивно окрупнување и можност за поголеми вложувања. Ова се само некои од целите предвидени со нацрт–законот за продажба на државното земјоделско земјиште, кој денеска е ставен на јавна расправа.

Според предложениот текст, ќе се зајакне и финасиската состојба на идните сопственици кои што изградиле објекти врз државното земјоделско земјиште. Тие ќе може да обезбедат допонителни средства преку кредитирање.

Во законот се предвидени четири постапки за продажба: јавен оглас, јавен повик, продажба на земјиште дефинирано како технолошка целина на оранжерија и технолошка целина на стопански двор, како и продажба во постапката за консолидација.