Финансии

Расправа за ребалансот на буџетот

22.07.2021 13:14

Прекројувањето на државната каса треба да придонесе за поголема поддршка на економијата и на граѓаните со крајна цел, целосно надминување на последиците од коронакризата.

Во Собранието пред пратенците ребалансот на буџетот. Приходите се проектирани на ниво од 222,6 милијарди денари и се за 4,7 насто повисоки. Расходите се планирани на ниво од 268,8 милијарди денари или за 8,6 проценти повеќе во однос на иницијалниот буџет. Дефицитот е позициониран во износ од 46,2 милијарди денари.

Прекројувањето на државната каса треба да придонесе за поголема поддршка на економијата и на граѓаните со крајна цел, целосно надминување на последиците од коронакризата.

Прифатени се осум амандмани, од вкупно 222 колку што беа поднесени. Дебатата за ребаласот на буџетот е предвидено да трае пет дена.