Радев утре ги почнува консултациите за состав на новата бугарска Влада
Консултациите со пратеничките групи, ќе се одржат утре во претседателската институција. Први се поканети победниците на изборите од 11 јули, „Има таков народ“, по нив ќе влезат од ГЕРБ-СДС, а потоа и „БСП за Бугарија“.

Бугарскиот претседател Румен Радев ќе одржи консултации со претставници на пратеничките групи од 46-то Национално собрание, пред да му го предаде мандатот за формирање нова влада на кандидатот за премиер што ќе го номинира најголемата партија во парламентот.
Консултациите со пратеничките групи, ќе се одржат утре во претседателската институција. Први се поканети победниците на изборите од 11 јули, „Има таков народ“, по нив ќе влезат од ГЕРБ-СДС, а потоа и „БСП за Бугарија“. Попладне се планирани средбите со „Демократска Бугарија“, по нив ДПС, и на крајот од „Исправи се БГ! Доаѓаме!“.
