Започнаа градежните работи за изграба на експресниот пат Градско- Прилеп
Почнуваат градежните работи на експресниот пат Градско -Прилеп, кој ќе се гради во следните две години, во три фази. Вредноста на инвестицијата е 25 милиони евра, од кои 21,75 се од ИПА фондовите…

Нов почеток, ново ветување, за изграба на експресниот пат Градско - Прилеп. По година и половина пауза, продолжија работите на делницата од Градско до Дреново. Министерот Бочварски оптимистички најавува дека патот кој треба да го скрати патувањето, но и да обезбеди безбедно патување, ќе биде готов за помалку од две години.
По заминувањето на претходните изведувачи, и на двете делници од Градско до Дреново и Дреново- Фариш по 35 отсто од работите се завршени. Дневно делницата Градско- Прилеп ја минуваат во просек по шест илјади возила. Новиот пат ќе биде широк 12 мети, со две ленти за возење и две за застанување.
Моментално изведувачот „Штрабаг“ работи на клучка и надвозник кај Градско. Инвестицијата е 25 милиони евра, од нив 21,75 се од ИПА фондовите, а остатокот од републичкиот буџет.
Петар Печков
