Ковид-19

0,03 проценти од вакцинираните во земјава пријавиле несакани последици

22.07.2021 14:23

Само 0,03 проценти од имунизираните во земјава пријавиле несакани последици од вакцината. Болка и оток на местото, покачена температура, главоболка. На пунктовите во земјава, продолжува вакцинацијата со и без закажан термин. Нема гужви. Задоволителен е одзивот кај децата, велат лекарите...

Само 0,03 проценти од имунизираните во земјава пријавиле несакани последици од вакцината, болка и оток на местото, покачена температура, главоболка. Ова го покажуваат податоците на Агенцијата за лекови, направени со пресек на аплицирани повеќе од 463 илјади дози. На пунктовите продолжува вакцинацијата, и со и без закажан термин. Нема метеж и турканици.

Откако во понеделникот се вакцинираа млади со закажан термин, деновиве по прва доза „Фајзер“ доаѓаа и деца кои немаат термин.

Граѓаните ја користат сѐ уште стабилната епидемиолошка состојба за да се заштитат пред доаѓањето на есента, кога се очекува повторно да расте бројот на заразени.

Вакцинацијата се одвива непречено низ сите пунктови во државата, а во тек е и теренската вакцинација. 60 проценти од населението на 70 години имаат примено барем едно доза вакцина.

Најголемата загриженост изминатиов период се новите соеви. Делта варијантата, која е позаразна е веќе присутна кај нас.  Многу држави воведоа ограничувања за влез во затворен јавен простор за лица без вакцинален сертификат. Министерот Филипче потврди дека тие размислуваат за некакви ограничувања од септември.  

 

Александра Спировска