Кичево ќе стане економски центар на Западна Македонија

26.03.2014 10:21

Почнатата изградба на автопатот од Кичево до Охрид ги охрабри потенцијалните инвеститори за отворање на стопански капацитети, во кои би се вработиле над илјада лица...

Кичево ќе прерасне во голем економски центар во Западна Македонија. Ова се очекувањата на Стопанската комора после започнувањето на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, најавите за отворање на фабрика за воздушни перчиња од странски инвеститор која ќе вработи околу 1.000 луѓе, како и повторното рестартирање на рудниците Стогово и Тајмиште после цели 20 години.

„Со изградбата на автопатот, со започнувањето на градбатан на фабриката за воздушни перничиња, и со повторното активирање на двата рудници очекуваме да дојдеме до една солидна бројка од околу 2.500 до 3.000 нови вработувања во Кичево“, рече Игор Соколески, Претседател на регионална стопанска комора во Кичево.

Оптимисти се и бизнисмените кои очекуваат да добијат дел од финансискиот колач.

„Очекуваме и ние како локални фирми да бидеме дел од изградбата на автопатот и да добиеме коректна цена. На една средба со Кинезите тие ни кажаа дека ќе бараат работа со динамика од 24 часа. Со тие машини и опрема која ние ја имаме се надеваме дека ќе ни требаат да вработиме уште околу 50 луѓе“, вели Зеќир Зеќироски сопственик на градежна фирма.

Во градот веќе се чувствува позитивната бизнис клима, во градба се веќе неколку објекти во индустриската зона Ивањидол, а се гради и друга слободна економска зона.

„Со изградбата на тој пат или на таа зона во сето тоа работа ќе обезбедат пред се младите од овој град со што ќе се стопира и миграцијата во Кичефво“, истакна Шасим Османи, сопственик на градежна фирма.

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид според бизнисмените се очекува да донесе поголем број нови вработувања, но исто така да привлече и голем број на странски инвестиции. Со воој автопат побрзо ќе се стигнува во пристаништето во Драч, а со тоа повеќе ќе се отворат Европските пазари.

Оваа траса треба да се доизгради и до Гостивар, со што ќе се добие автопатско поврзување од Скопје до границата со Албанија.

Дарко Штаргоски