За резолуцијата за црвените линии ќе се расправа по буџетот
Резолуцијата за црвените линии во односите со Бугарија доаѓа пред пратениците. Пленарната расправа ќе почне откако ребалансот на буџетот ќе добие зелено светло. Подносителот, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека документот ќе ги подобри нашите позиции, а земјава сериозно ќе биде сфатена од партнерите во Европската унија. За власта, суштината на текстот е прифатлива, но премиерот Заев побара да се почитува уставното име...

Од мнозинството прифатен предлогот на опозицијата наместо 9-та, Резолуцијата за црвените линии во разговорите со Бугарија да е втора точка. Образлагајќи ја, пратеникот Антонијо Милошоски посочи дека за ВМРО-ДПМНЕ е важна содржината, а не формата на резолуцијата, алудирjаќи дека во преамбулата името на државата е С. Македонија.
Премиерот Заев вели- ја прифаќаат суштината на резолуцијата, но додава дека е погрешно на документ кој не е напишан според уставот, премиер да даде поддршка, бидејќи тоа дава негативна слика за државата.
По тридневна расправа за буџетот, пратениците ќе расправаат за резолуцијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.
Миле Ристески
