Ребалансот на буџетот на пленарна седница
Прекроената државна каса од денеска е на пленарна седница. Министерот за финансии Бесими вели имаат три цели – заштита на здравјето, економска стабилизација, поддршка на реформите. Опозицијата реагира – нашите амандмани ќе направеа суштинска разлика, но не беа прифатени...

Почна пленарната седница за прекројување на државната каса. Главен приоритет здравјето на граѓаните, нови инвестиции, создавање нови работни места. Наша амбиција е двојно зголемување на економијата во постковид периодот – посочи министерот Бесими во експозето пред пратениците. Со предложениот ребаланс приходите се за 4,7 насто повисоки. Расходите се зголемени за 8,6 проценти повеќе во однос на актуелниот буџет. Дефицитот е позициониран во износ од 46,2 милијарди денари.
Македонската економија во првите три месеци е во рецесија, цените се сѐ повисоки, граѓаните посиромашни, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Ограничувачки фактор за раст на еконимијата е и слабата реализација на капиталните инвестиции.
Од власта посочуваат - капиталните расходите се зголеми за 6,5 милијарди денари за проекти кои треба да се довршат до крајот на годината.
За ребалнсот вкупно беа поднесени 222 амандмани, прифатени се осум. Меѓу нив и од власта и од опозицијата. Со ребалансот се очекува економскиот раст од 4,1 проценти, а невработеноста да падне на 15,8 насто.
Сунчица Николоска
