Расте бројот на земјоделците заинтересирани за ИПАРД програмата

26.03.2014 10:22

На последниот шести повик што заврши во јануари се пријавиле над 680 апликанти, што е зголемување за 3 пати во споредба со претходниот...

Расте интересот кај земјоделците за искористување на пари од ИПАРД програмата. На последниот шести повик што заврши во јануари се пријавиле над 680 апликанти, што е зголемување за 3 пати во споредба со претходниот кога имало 214 пријавени.

Првиот човек на агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, смета дека причина за поголемиот интерес се поедноставените и олеснети услови за аплицирање и намалениот број документи. Се што му треба на земјоделецот е добра бизнис идеја, современување на капацитетите и модерна механизација.

„Во споредба со ИПАРД прграмата која што туку што започна ние сме задоволни од интересот на земјоделците. Тие најпрвин идат се интересираат, па потоа се прави деловен план. Досега одиме доста добро“, вели Игор Златков, директор на АПРЗ.

Надлежните очекуваат голем број апликации и од струмичките земјоделци. Пред се зашто овој повик се однесува за развој на градинарството, овоштарството и лозарството.

„Знаеме дека во струмичкиот регион се најмногу градинари, така што сите може да ги исполнат условите“, објаснува Златков.

Земјоделците до 17 април може да аплицираат по последниот повик за ИПАРД програмата. Заинтересираните ги имаат на располагање советодавните лица од Агенцијата за рурален развој кои ќе даваат инструкции за изготвување на деловниот план.

 

Катерина Дафчева