Политика
СДСМ и ДУИ заеднички ќе настапат на локалните избори
23.07.2021 10:01
Лидерот на Социјалдемократите рече дека целта им е во предизборната коалиција да се вклучат што е можно повеќе партии од владината коалиција.

СДСМ и ДУИ заеднички ќе настапат на претстојните локални избори. Ова е епилогот по средбата меѓу партиските лидери, Заев и Ахмети.
Лидерот на Социјалдемократите рече дека целта им е во предизборната коалиција да се вклучат што е можно повеќе партии од владината коалиција.
Во тек се постапките за избор на најдобрите кандидати. Меѓусебната поддршка во некои општини ќе си ја дадеме уште во првиот круг на изборите, а во други општини ќе се поддржиме во вториот круг, најави Заев.
