Регион
Радев ги почна консултациите за формирање на новата бугарска влада
23.07.2021 12:11
Радев смета дека треба да се продолжи со процесот на зајакнување на државноста и обезбедување стабилна предвидлива правна рамка за економијата, за важните социјални прашања, како и за ребаланс на буџетот на Бугарија.

Бугарскиот претседател, Румен Радев, на почетокот на консултациите со партијата што победи на парламентарните избори „Има таков народ“ ја поздрави нивната одлука за отворање дијалог со другите партии.
Радев смета дека треба да се продолжи со процесот на зајакнување на државноста и обезбедување стабилна предвидлива правна рамка за економијата, за важните социјални прашања, како и за ребаланс на буџетот на Бугарија.
Заменик претседателот на „Има таков народ“, Ташко Јорданов, најави дека неговата партија ќе предложи влада.
