Регион
Нови мерки против Ковид-19 во Црна Гора
23.07.2021 13:34
Поради непочитување на епидемиолошките мерки во Црна Гора и зголемениот број новоинфицирани од денеска до 2 август властите ќе воведат привремена забрана за работа на ноќни клубови и дискотеки...

Црна Гора воведува нови мерки насочени кон спречување на ширењето на Ковид-19. Една од новите ограничувачки мерки е привремена забрана за работа на ноќни клубови и дискотеки на отворено и затворено.
Се забрануваат забавите и музичките фестивали и масовните собири во затворени простории.
Црна Гора во последните неколку дена регистрира пораст на бројот на заразени со коронавирусот.
