Собрание

Жестока комисиска расправа за Законот за државјанство

23.07.2021 14:54

Во Комисијата за европски прашања, опозицијата побара да ги види амандманите на законот кои не им се поделени, па да се организира јавна расправа со експерти, но со учество и на, како што рекоа, балкански криминалци кои добиле македонски пасоши...

Жестоко, со процедурални говори дека Законот за државјанство е неквалитетно направен и дека со ставеното европско знаменце се прави обид да се протне на мала врата. Вака, во Комисијата за европски прашања, опозицијата побара да ги види амандманите на законот кои не им се поделени, па да се организира јавна расправа со експерти, но со учество и на, како што рекоа, балкански криминалци кои добиле македонски пасоши.

Алијанса и Алтернатива во одбрана на законското решение кое владата го направи по нивно укажување. Велат, се работи за голема политичка и општествена одговорност.

Левица со околу 600 амандмани контра законот. Толку е лошо скроен, што како правник се чуствувам како комарец на нудистичка плажа, рече пратеникот Апасиев.

Расправата во комисијата ќе трае само два дена.

Миле Ристески