Градски парк, 26-ти јули

„Архангел“ и „Филхармонија“ под отворено небо

23.07.2021 15:16

Музиката на култниот македонски бенд „Архангел“ во автентична оркестрација на диригентот Џијан Емин – ретка можност македонската публика да ги слушне под отворено небо безвременските песни...

Музиката на култниот македонски бенд „Архангел“ во автентична оркестрација на диригентот Џијан Емин – ретка можност македонската публика да ги слушне под отворено небо безвременските песни на еден од најзначајните македонски бендови. Ќе настапат заедно со Филхармонијата под отворено небо.

Со музиката на „Архангел“ пораснаа многу генерации. Поезијата на песните на Вртев носи силни пораки и инспирира. Нѐ потсетува дека не сме осамени на овој суров свет, потенцира на директорката на Македоснката филхармонија, Иванова.

Концертот „Филхармонија на отворено“ традиционално, во соработка со Град Скопје, ќе се одржи на 26-ти јули, во 21 часот, во Градскиот парк.

 

Ана Јосифоска Тодоровска