Здравство

36 нови случаи со Ковид-19

23.07.2021 15:28

Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.017, бројката на оздравени пациенти е 150.263, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 265.

Во последните 24 часа се направени 3.569 тестирања, а регистрирани се 36 нови случаи на Ковид- 19: Куманово – 15, Скопје – 7, Тетово – 6, Гостивар – 2, Прилеп, Велес, Штип, Струмица, Кочани и Кичево – по 1. Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од:  Тетово – 5, Скопје – 4, Битола – 2 и Свети Николе - 1. Не се регистрирани починати пациенти.

Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.017, бројката на оздравени пациенти е 150.263, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 265.

Досега во земјата се направени вкупно 944.747 тестирања на Ковид-19.