Фирми на Заеви во аферата со краставиците

15.11.2013 15:57

Во скандалот со 35 тони краставици затруени со пестициди стојат фирми на Заеви

Во скандалот  со 35 тони  краставици затруени со пестициди стојат  фирми на Заеви  пишува интернет порталот Нетпрес . Краставиците, во моментот на бербата  содржеле пестицид  во доза дури 5 пати над дозволените граници. Хемикалијата , со која биле прскани,  не била наменета за овој вид на зеленчук.Според информациите  на Нетпрес  производител на краставиците, прскани со енормно многу пестициди, е фирмата „Еко Оранжерии Анска река“ од Валандово, а извозник е фирмата „Трго Продукт“ од село Дабиле Струмица, и двете во сопственост на членови на фамилијата Заеви.  Во документите од Централниот регистар  до кои дојде Нетпрес покажуваат дека производителот „Еко Оранжерии Анска река“ од Валандово е во сопственост на АД „Еленица“, фабрика за градежни материјали, фирма позната во јавноста како компанија чиј управител е Трајче Заев. Според  Нет прес    фирмата „Трго Продукт“, која што ги откупила загадените краставици и се обидела да ги извезе во Хрватска, е во сопственост на фамилијата Заеви . Од податоците впишани во Централниот регистер се гледа дека сопственици на оваа фирма  е фамилијата  Заеви  пишува  порталот . Засега нема одговор од Државниот инспекторат за земјоделие и од  Агенцијата за храна и ветеринарство  . Интернет порталот  додава  дека ваквото работење во земјоделието го загрозува здравјето и безбедноста на луѓето и нанесува тежок удар на имиџот на државата и македонскиот аграр. Хрватските власти ги запленија  корнишоните  пред неколку дена, по што ги уништија.