Кривичен суд

Ослободителна пресуда за обвинетите во случајот „Тортура“

23.07.2021 16:24

Судот го ослободи од обвинение поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за апсењето на Љубе Бошковски. Ослободителна пресуда за случајот „Тортура“ добија и шестмината полициски службеници од единицата „Алфи“ . Според судијката Ристовка нема доволно докази за делото за кое се обвинуваат. Од Обвинителството најавија жалба. Велат, се испраќа порака дека ваквиот начин на апсење е дозволен и законит...

Образложувајќи ја ослободителна пресуда, судијката Ристеска рече дека обвинителот не докажал вина. За судот, останало нејасно како Мијалков го поттикнал суровото и нечовечко постапување кон Бошкоски и како обвинетите припадници на полициските „Алфи“ го извршиле кривичното дело на 6-ти јуни 2011-та година.

Обвинението е доволно прецизно, детално се опишани дејствијата тврди обвинителот Љубомир Лапе. Ќе ја обжали пресудата.

Според одбраната. Обвинението не може да се темели на претпоставки. Обвинителот требало да ги прецизира дејствијата на извршување на секој обвинет поединечно.

Случајот „Тортура“ го отвори СЈО. По неговото згаснување, премина во скопското обвинителство.

 

Наташа Гркова Петрушевска