Македонија

Стартува изградбата на брана на реката Отиња во Штип

23.07.2021 16:47

Почнува изградбата на брана на реката Отиња во Штип, која ќе се полни од целото сливно подрачје на реката. Околу браната ќе има рекреативни содржини и викенд населба. Во перспектива се планира изградба на мала хидроцентрала...

Со пет милиони евра од државниот буџет ќе се гради брана на река Отиња во Штип. Шестдеценискиот сон на штипјани за две ипол години треба да стане реалност, предвидено е да се гради камено- земјена брана висока 33 метри.

Браната ќе биде место за рекреација на штипјани, но и адут за развој на туризмот, истакна градоначалникот на Штип, Сашко Николов.

Позитивно влијание врз климата, заштита од поплави, обезбедување биолошки минимум на Отиња, а во перспектива и можност за производство на електрична енергија – ова се очекуваните ефекти од браната. Економските бенефити треба да се почувствуваат уште во текот на изградбата во која ќе бидат ангажирани околу 200 лица.

 

Славица Величковска