Драстичен скок на заразени со Ковид-19, нови мерки по 15-ти август
Нов, драстичен скок на заболени од коронавирус во земјава. Критично во Тетово, критично во Скопје. Македонија е пред новиот бран на делта-сојот. Заболените од тетовската болница ќе се префрлаат на скопска Инфективна, најави Филипче. Повторно се отвора вториот спрат...

По 15-ти август стартува забраната за сите настани и прослави во затворен простор. Ваква одлука донесе Владата на седница по пораст на бројките на новозаразени од коронавирусот. Со сертификат за вакцинација од најмалку една доза, полнолетните граѓани ќе може да влегуваат во ресторани, кафулиња и други затворени објекти кадешто се организираат настани. Контролата ќе ја врши редарска служба.
Најкритично е во Тетово. Од вкупно 150 хоспитализирани колку што има во државата, дури 45 се во овој град. Најмалку во болница завршуваат вакцинираните, кои се помалку од 10 насто од сите хоспитализации и тоа со добра клиничка слика надвор од животна опасност, вели Филипче. Пораст на бројките има и во Скопје, Гостивар, Куманово, Кичево и Струмица.
Од Тетово ќе се испраќаат пациенти на Инфективната клиника во Скопје каде што ќе се отвори вториот спрат. Делта сојот има тенденција да стане доминантен. Вакцините кои државата ги има во доволен број се ефикасни вели министерот, и за 20 % ја намалуваат смртноста кај оваа варијанта на ковид вирусот.
Анита Димитријевска Велковска
