Прагот за потписи ист, се кројат листите
Изборниот законик ќе се менува по локалните избори. Правилата за избор на градоначалници и советници остануваат исти. По повиците од независните премиерот Заев потврди - прагот останува. СДСМ деновиве ќе ги комплетира листите. ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги соопшти кандидатите...

Премиерот Заев по разговорот со спикерот Џафери потврди - договорено е да не се продолжува со процедурите за измени во Изборниот законик. Локалните избори ќе се спроведат според старите изборни правила, со вметнување на одредбата за гласање со отпечаток на прст и последните сугестии на ОБСЕ/ОДИХР во поглед на медумското претставување. По завршувањето на изборите ќе се разгледуваат предлозите за отворени листи и за прагот за собирање потписи да биде нивелиран на државно ниво.
Заев вели дека Социјалдемократиет полека финишираат со составувањето на листите и кандидатите за градоначалници. Вели, најважно е да имаат добри кандидати кои се почитувани во градовите во кои ќе се кандидираат. Најдоцна до 25-ти август ќе ја имаат конечната листа и за преостанатите 45 општини кои сѐ уште не се објавени.
И опозициската вмро-дпмне наскоро ќе ги објави кандидатите за градоначалници откако ќе бидат потврдени низ филтерот на Централниот и Извршниот комитет. Најавени се нови лица и личности со интегритетет и авторитет во средитите во коишто живеат.
Локалните избори ќе се одржат на 17-ти октомври.
Игор Панов
