Семејство од Битола бара помош од државните институции
26.03.2014 10:49
38 годишниот Миле Трајковски поради болеста церебрална парализа од раѓање е прикован во инвалидска количка - несоодветниот станбен објект е голем терет за родителите кои се во седмата деценија...
Познат битолски професор во пензија се надева дека гласот ќе допре и до повисоките државни институции
Брачниот пар Добрица и Симе Трајковски живее со две спротиставени судбини. Радоста што едниот син, како најдобар студент во генерацијата заминал за Америка, не е доволна да ја надополни тагата што другиот, 38 годишниот Миле, кој поради церабралната парализа од раѓање е прикован за инвалидската количка. Неприлагодента куќа за одгледување на лице со хендикепт и нарушеното здравје на родителите кој ја трошат седмата деценија на животот станува секојдневен кошмар.
„Секојдневно качуваме и слегуваме многу скали. А исто така и купатилото ни е сместено во дворот. Кога трба да го искапам трба да го носам в раце и потоа пак на истиот начин да го вратам назад. Со моите 62 години и нарушеното здравје тешко го решавам овој проблем“, вели мајката Добрица Трајковска.
За надминување на скојдневните маки единствено што бараат е само да му се додели некоја локација на која самите и ветената помош од некои хумани луѓе би изградила објект што ќе ги задоволува условите за содветна нега на нивниот син. Се обратиле на повеќе места, но резултат нема.
„За сите овие години социјален работник не дошол, на повеќе пати одев и во општината, но завршував само од врата до врата“ вели таткото Симеон Трајковски.
Познатиот битолски професор во пензија се надева дека гласот ќе допре и до повисоките државни институции. Вели дека и стан за лица со вакви потереби би бил добредојден, но поголеми шанси гледа во добивање на локација затоа што знае дека поседувањето на куќа секогаш ќе биде пречка за добивање на солидарен стан за лица со хендикеп на било кој конкурс.
Стевче Митревски
