МВР: 99 санкции за брзо возење во Скопје

16.08.2021 09:50

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 201 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 99 санкции, 53 за возење под дејство на алкохол, 23 за возење без возачка дозвола, осум за нерегистрирани возила.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 201 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 99 санкции, 53 за возење под дејство на алкохол, 23 за возење без возачка дозвола, осум за нерегистрирани возила.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта- соопштуваат од МВР.